Зошто Претседателот бара амнестија за инцидентите во Собранието?

18 May, 2017 - 15:39

Барањето на Претседателот Иванов пратениците во Собранието да изгласаат амнестија за лицата кои учестуваа во инцидентите во Собранието ги зовре социјалните мрежи. Најостри пораки до него упатија оние кои ги подржаа овие настани или пак беа дел од оние кои влегоа во зградата. Заедничко им е чувството дека се предадени.

„Ахаа, значи Собранието да изрече амнестија, а не тој иако за тоа има право, а неговата кариера и мандат да не се извалка... Браво бе Ѓорѓе“, гласеше еден од коментарите.

Особено се револтирани поради тоа што нивната амнестија ја изедначува со онаа која беше изгласана за воените злосторници после конфликтот во 2001 година. На тој начин според овие луѓе кои се идентификуваат со вистинското ВМРО-ДПМНЕ, а не со актуелното, Претседателот ги валка нивните патриотски чусвтва.

Според Павле Богоевски, од СДСМ, еден од пратениците кој врз себе го почувствува насилството во Собранието работите се и повеќе од јасни. „Иванов вчера сакаше самиот да се амнестира“, вели Богоевски.

Во идентична насока е и размислувањето на аналитичарот Митко Гаџоски. Не треба да заборавиме, вели дека Претседателот Иванов беше еден од иницијаторите и подржувачите на проестите во изминатиот период.

За Гаџовски нема основа споредбата на оваа амнестија со онаа по конфликтот во 2001-та година. Конфликтот заврши со охридскиот рамковен договор, и тој беше воен, па оттука нема ништо идентично со она што се случуваше во Собранието: ВМРО-ДПМНЕ ги реши хачките слушаи, па оттука во тој сегмент, сите прашања поврзани со конфиктот се затворени, рече Гаџовски.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 5611 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.