Зоран Димов претседател на Комората на извршители

13 October, 2017 - 12:13

Извршителот Зоран Димов, именуван за подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје 2 Скопје, е нов претседател на Комората на извршители на Република Македонија (КИРМ). Од Комората информираат дека Димов е избран за претседател на вонредно Собрание на КИРМ, одржано на 10-ти овој месец. Досегашниот претседател на Комората Зоран Петрески во август годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини. 

Веста е прочитана 240 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.