Жалбата за бомбите два и пол месеци патува до апелација

19 April, 2017 - 16:09

И по 2 ипол месеца жалбата на СЈО за издвоените бомби од предметот „Шамари во општина Центар“ не е стасана во скопска апелација затоа што Кривчниот суд толку време не можел да изврши достава до сите 14 обвинети. Кого се конкретно судските доставувачи не можеле до сега да го најдат и да му ги достават документите нема информација.

„Сеуште не е извршена уредна достава на решението на судија и жалбите до сите странки во предметот, со кој како што знаете опфатени се 14 обвинети, како би се исполниле законските претпоставки предметот да биде пратен на постапување пред повисокиот суд. Веднаш штом ќе се добие потврда дека доставата на решението и жалбите се доставени до сите странки и се исполнети законските претпоставки, предметот ќе биде доставен до Апелациониот суд.“ 

Од Апелациониот суд за Телма потврдија дека таква жалба и предмет во нивниот суд воопшто не е пристигната.

Од СЈО велат немаат информација до каде е одлучувањето по нивната жалба за која уште на трети февруари годинава информираа дека поднеле на решението на судот со кое дел од доказите се издвојуваат од предметот.

Претходно судијката Татјана Михајлова, ги прифати аргументите на адвокатите дека се работи за докази прибавени на незаконски начин и ги издвои „бомбите“ од доказ од предметот против експремиерот Груевски и ексминистерот за транспорт и врски и уште тринаесетмина обвинети за насилство во општина Центар .

Во мегувреме за тоа дали прислушкуваните разговори можат да бидат докази во судска постапка  се одллучува на највисоко ниво. Но врхвните судии се уште не пресекоа каква ќе биде судксата пракса за употреба на бомбите. Минатата недела по 4 часвна дебата се одложи општата седница а вчера иако беше закажана не се одржа со образложение дека дел од судиите биле болни или оправдано отсутни.

Нема датум кога повторно ќе седнат на заедничка маса и ќе гласаат за рефератите на претседателот Јово Вангеловски за тоа дали СЈО ќе може да ги користи бомбите како докази и дали Зврлевски ќе може да поднесува барање за заштита на законитоста за предметите на Јанева.

Елена Ивановска Мукоска

Веста е прочитана 1889 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.