Застрелан 35-годишник во тетовско Гајре

16 July, 2017 - 16:55

Синоќа 20 минути по полноќ, 35-годишник од тетовско Гајре бил застрелан со огнено оружје во левата  потколеница. Тој по укажаната помош во тетовската болница, пуштен е на домашно лекување.

Инцидентот се случил во кафулето Бар Код во центарот на Тетово. Повредениот во кафулето работел како обезбедување, а во него пукал 40 годишник од Мала Речица, која бил дојден со пријатели на забава во кафулето, информираат од Минситерството за внатрешни работи.  

Напаѓачот најпрвин вербално и потоа физички го нападнал обезбедувањето, откако тие остраниле девојка од кафулето која го нарушила јавниот ред и мир. 

Обезбедувањето за неколку минути го совладале лицето од Мала Речице и го остраниле од кафулето. Тој бил соборен на земја, но во истиот момент извадил пуштол кој го поседувал без дозвола испукал еден куршим во воздух а потоа уште еден во во ногата на вработениот од обезбедувањето. Напаѓачот е приведен во полициската станица во Тетово. СВР Тетово и Јавен обвинител имаа извршено увид, подигнати се траги за вештачење. Се работи на целосно расветлување на случајот. 

Ова е втор инцидент со употреба на огнено оружје во Бар Код, отако лани во месец април Едно лице почина а пет беа повредени во вооружениот престрелка во истото кафуле  

Полицијата регистрираше уште еден случај каде е повредено лице со огнено оружје. Вчера околу 18 часот од заталкан куршум во десното рамо повредена е 57 годишна жена во двор во куќа во село Сараќино. Таа била однесена веднаш во тетовската болница каде по укажаната помош пуштена е на домашно лекуавње.

Зоран Димовски

Веста е прочитана 1435 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.