Започнува 62-то издание на Евровизија

9 May, 2017 - 10:40

Во Киев денеска почнува 62-то издание на Евросонгот. На првата полуфинална вечер ќе настапат 18 земји.

Најпопуларниот европски музички натпревар годинава се одржува во главниот град на Украина, Киев, благодарение на победата на минатогодишниот победник Џамала, кој триумфираше со песната „1944“. Ова е вторпат Украина да биде домаќин на натпреварот, по 2005 година.

Македонската претставничка Јана Бурческа со песната „Dance Alone“ ќе настапи трета по ред на втората полуфинална вечер. Второто полуфинале е закажно за в четврток, 11 мај, а финалето ќе се одржи в сабота, 13 мај.

Русија требаше да настапува трета во второто полуфинале, но го откажа своето присуство на манифестацијата поради тоа што украинските власти и забранија влез во земјата на руската претставничка, и Русите одбија таа да настапува преку сателитски видео пренос.

На Евросонгот оваа година учествуваат 42 земји. Португалија и Романија се вратија по отсуството во 2016 година. Босна и Херцеговина пак, се повлече од годинешното натпреварување, поради финансиски проблеми.

Во првото полуфинале настапуваат: Шведска, Грузија, Австралија, Албанија, Белгија, Црна Гора, Финска, Азербејџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Исланд, Чешка, Кипар, Ерменија, Словенија, и Летонија. Право на глас ќе имаат публиката и членовите на жири комисијата од земјите учеснички, како и директните финалисти од Италија, Велика Британија и Шпанија.

На втората полуфинална вечер право на глас повторно ќе имаат публиката и жири комисијата од земјите учеснички на второто полуфинале, како и директните финалисти од Германија, Укриана и Франција. Меѓу учесниците пак, се вбројуваат: Македонија, Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел. 

Веста е прочитана 2486 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.