Заев очекува ширење на парламентарното мнозинство

21 October, 2017 - 15:51

Зијадин Села останува, а доаѓа Мендух Тачи!? Парламентарното мнозинство нема да се скусува, туку ќе се проширува, потврдува премиерот Зоран Заев, кој е задоволен од одлуката на Зијадин Села со Алијансата за Албанците да остане во владата, најавувајќи проширување на коалицијата со нови опозициски партии.

Сепак, и Заев и Села се сложни дека коалицирањето за локалани избори е за поинкава програма од онаа на реформската владата, на која Алијансата на Албанците остнаува посветена.

„Ние во Владата сме главни носители на реформите што таа ги прави и ние сме гарант за реформите. Не може гарант за реформите да биде еден политички субјект кој создавал проблеми како што е ДУИ“, изјави Села.

ДУИ на Али Ахмети не го коментира парламентаротнто мнозинство и евентуалното проширување со одговор дека се посветени на вториот круг локални избори. За нив постои само коалицијата со СДСМ за локалните избори, отфрлајќи ги пишувањата дека Ахмети и Тачи испиле заедничко кафе.

„Кабинетот на Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, ги демантира денешните прилози во порталите на Албански јазик за наводна денешна средба помеѓу г. Ахмети и претседателот на ДПА г. Мендух Тачи“, велат од ДУИ.

Превирањата во владината коалицијата дојдоа откако Села се здружи со БЕСА на Билал Касами за трка за градоначалник во 12 општини, спротиставувајќи се на коалцијата на СДСМ-ДУИ за истите општини. На една седмица до вториот круг гласање, никој од политичките лидери не зборува на глас дали ќе ги побараат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА на Мендух Тачи во општините каде се прегласува. 

Павле Беловски

Веста е прочитана 3932 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.