Заев очекува на 20 ноември Нимиц да се сретне со преговарачите

14 November, 2017 - 10:18

Премиерот Зоран Заев изрази очекување на 20 или 21 ноември, да се одржи првата средба меѓу преговарачите од Македонија и Грција со посредникот на Обединетите нации во решавањето на спорот со името, Метју Нимиц. Заев ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање по средбата со словенечкиот премиер Миро Церар. 

Тој зборуваше за натамошниот тек на европските и евроатлантските интеграции на Македонија, при што напомена дека во таа насока пред се фокус се става во решавањето на спорот со Грција.

Веста е прочитана 943 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.