Заедничка вежба на „Тигрите'“ и Шеста управа на МВР

21 October, 2017 - 15:31

Полициските специјалци „Тигри“ и припадниците на таканаречената 6-та Управа, односно Оддел за заштита на определени личности и објекти, денеска во касраната Илинден заеднички ја изведоа вежбата Вип 2017-та.

Додека 6-тата управа од земја ги штитеше ВИП личностите, специјалците од земја и од воздух со помош на хеликоптерската единица се справуваа со импровизираните напади.

Вкупно 5 вежби беа изведени, а врвот на МВР најави дека има обврска на полицајците и на специјалците да им создаде услови за работа, се со цел да има и безбедни граѓани и безбедна држава.

Учесниците во вежбата добија плакети, а врвот на МВР го посети и специјалниот објект посветен на загинатите припадници на единицата „Тигри“.

Веста е прочитана 2042 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.