Вучиќ: Нема да дозволам како во одредени соседни земји други да одлучуваат за нас

12 November, 2017 - 13:42

Граѓаните на Србија треба да знаат дека атмосферата во која ја водиме надворешната и внатрешната политика воопшто не е лесна. Големите сили ги штитат нивните интереси, а ние нашите, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто за весникот „АЛО“.

Тој додаде дека Србија мора да има добри односи, бидејќи е мала, но оти мора да укаже и на двојните аршини.

Вучиќ во интервјуто говори и за тоа како би изгледала Србија, доколку опозицијата дојде на власт.

Одговарајќи на прашањето за тоа што би се случило доколку Србија потклекне пред барањата на светските моќници, српскиот претседател направи компарација со неименувана соседна држава.

- Најважно за нашиот народ и државата е зачувување на слободата и независноста. Доколку другите ни одлучаат за се, како што имате пример во некои околни земји, и кој ќе биде обвинител, а кој судија и кој ќе биде во некои од агенциите, и независните тела да бидат само нивни, а да сите тие бидат независни од народот, а зависни од нив, тогаш тоа нема никаков смисла. Ние треба да градиме независни институции, колку независни од Владата, толку независни и од одеделни западни земји или од некои други земји, посочи Вучиќ.

За можноста од распишување на вонредни парламенатрни избори, паралелно со белградските избори, српскиот преседател и лидер на Српската напредна странка (СНС) наведе дека конечната одлука ќе биде соопштена на 18 ноември.

- Конечната одлуката за изборите, ќе ја дознаете следната сабота, кога ќе се одржат седниците на Претседателството и на Главниот одбор на СНС. Свесен сум дека сме многу блиску до пораз на градските избори. Тоа не значи дека не сум задоволен од резултатите од нашата работа и дека нема да се бориме на изборите да постигнеме најдобар резултат. 

Веста е прочитана 5722 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.