Во Сиднеј температурата е 40 степени Целзиусови, плажите се полни

11 January, 2017 - 11:48

Во Сиднеј денеска температурите се над 40 степени Целзиусови, а граѓаните бараат освежување на плажи кои се преполни, јавуваат австралиски медиуми.

Метеорлозите предупредуваат дека во некои делови од државата северозападно од Нов Јужен Велс температурата в петок ќе биде над 46 степени.

Властите забранија да се пали оган во неколку области на Нов Јужен велс, а на граѓаните им се препорачува конзумирање многу течности. 

Веста е прочитана 758 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.