Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ

10 January, 2017 - 12:12

За последните 24 часа во Полска од хипотермија починаа шест лица, со што бројот на жртви од студ од ноември се искачи на 71, соопштија полските власти. Полската полиција апелира населението да им помогне на најзагрозените, посебно на бездомниците, бидејќи температурата се спушти на минус 20 степени Целзиусови.

Ширум Полска објавен е аларм на смог, а на децата и на повозрасните лица им се препорачува да останат дома. Поради греење на јаглен, загадувањето на воздухот е на највисоко ниво во последните неколку години. За време на викендот во Европа од студ починаа најмалку 40 лица

Веста е прочитана 98 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.