Во кривичен суд рочиште за „Тотал“

7 December, 2017 - 10:51

Во Кривичниот суд на денешното рочиште за предметот „Тотал“ на СЈО, во кој за даночно затајување е осомничен новинарот Драган Павловиќ - Латас, одбраната побара да бидат отстранети новинарските екипи.

Минатото рочиште беше одложено поради тоа што, како што констатира судијката,  не се испочитувани законските услови за одржување расправа, бидејќи не се определени законски застапници за фирмите „Тотал маркетинг“ и „Медиамакс“.

На обвинетиот му беше укажано дека за правни застапници може да ги постави и неговите бранители, по што тие се обврзаа да достават писмен поднесок до судот. Доколку тоа не биде направено, судот по службена должност ќе одреди правни застапници.

Осомничениот Драган Павловиќ - Латас се товари дека во периодот од 2008 до 2015 заедно со правни лица со намера да одбегнат плаќање даноци во завршните сметки и даночните пријави давале лажни податоци. Правните лица го оштетиле буџетот за 121 илјада евра, а осомничениот за 63 илјади евра.

Веста е прочитана 646 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.