ВМРО-ДПМНЕ ќе го чува изборниот процес со народни стражи

13 October, 2017 - 15:44

ВМРО-ДПМНЕ ќе организира народни стражи за чување на изборниот процес. Партијата тврди дека државните органи не реагираат, иако има сериозни нарушувања на изборните правила: поткупувања, злоупотреба на државни институции, мешање на државните ресурси за партиски цели на повеќе места во земјата, што укажува на системски пристап.

Ристовски вели дека поради сите нерегуларности за време на изборната кампања, сериозен е ризикот и за денот на изборите. Но, не е прецизен дали ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да не ги признае изборните резултати.

Сите свои забелешки опозициската партија им ги соопштила на претставниците на дипломатскиот кор, со кои имале две средби за изминативе две недели, како и на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР со кои се во редовна комуникација.

Соња Николовска

Веста е прочитана 3706 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.