ВМРО-ДПМНЕ ќе го чува изборниот процес со народни стражи

13 October, 2017 - 15:08

ВМРО-ДПМНЕ ќе организира народни стражи за чување на изборниот процес. Партијата тврди дека државните органи не реагираат, иако има сериозни нарушувања на изборните правила: поткупувања, злоупотреба на државни институции, мешање на државните ресурси за партиски цели на повеќе места во земјата, што укажува на системски пристап.

„Во отсуство на реакција од страна на државните институции ние како партија ќе се саморганизираме со народни стражи - гарант на демократијата и граѓанската волја. Тимови од ВМРО-ДПМНЕ се на терен и сите нарушувања и прекршувања на изборниот процес ќе ги документираат“, изјави Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ

Веста е прочитана 745 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.