Владимир Панчевски осуден за мобинг

14 September, 2017 - 11:24

Поранешниот претседател на Основниот суд скопје 1, Владимир Панчевски, вршел мобинг врз вработениот во човечки ресурси, Горан Стаменковски. Вака одлучи Основниот суд скопје 2 по тужбата на Стаменковски против Панчевски. Панчевски се кандидираше повторно за претседател на Кривичниот суд, но ако Апелација ја потврди пресудата за мобинг тој нема да може да ја извршува таа или друга раководна позиција. Екс-претседателот од Стаменковски доби уште две кривични пријави за малтретирање во служба и за повреда на рамноправноста.

Панчевски не се појави на соопштувањето на пресудата, туку присутен беше само неговиот адвокат Димитар Дангов. По изрекувањето на пресудата, ниту тужителите ниту застапникот на тужениот не сакаа да дадат изјави. Незадоволните страни имаат правио на жалба на ваквата одлука.

 

Веста е прочитана 2424 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.