Владата ја назначи Сања Лукаревска за В.Д. директор на УЈП

16 June, 2017 - 21:14

На денешната седница на владата е разрешена досегашната директорка на УЈП Анастасија Илиеска, а владата назначи вршител на должност директор. На таа позиција е именувана Сања Лукаревска, потврдија за Телма извори од владата.

Лукаревска и досега била вработена во УЈП, ќерка е на актерот Ѓокица Лукаревски, а беше дел и од Централниот одбор на СДСМ.

На денешната седница покрај оформувањето на предлогот за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски и доставување на тој предлог до Собранието, извршени се и други кадровски промени.

Повеќе членови на управниот одбор на ЈП Јасен се разрешени и назначени се нови членови на УО. Претходниот состав на УО на Јасен за в.д.директор на повеќенаменскиот објект го избра Оливер Андонов.

Од владата потврдија дека денеска се именувани и новите директори на Бирото за јавна безбедност во МВР (Лазе Велковски) и на Управата за безбедност и контраразузнавање (Горан Николовски).

Миомир Серафиновиќ

 

Веста е прочитана 12960 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.