ВЕРО – 20 год. на македонскиот пазар

12 September, 2017 - 17:54

Верото во Тафталиџе ќе се реновира и проширува. На 20 годишниот јубилеј на ВЕРО маркетите на македонскиот пазар, претседателот на компанијата Николас Веропулос потврди дека во април годинава го купил земјиштето на кое до 2013 год беше лоциран ресторанот Макдоналдс и дека на тоа место ќе се прави модерен Веро маркет со голем паркинг простор, но не и продавница на Џамбо.

За овие две децении Веро има отворено 12 маркети од кои 7 во Скопје и по два во Битола и во Тетово плус една продавница на Џамбо,  а годината ќе ја заокружи со уште три нови продажни локали. Компанијата Веропулос целосно се повлече од грчиот пазар поради долгата  финансиска криза во земјата и сега работи само во Македонија и во Србија.

Вкупниот годишен  приход на Веро изнесува 109 милиони евра од кои 65 % се остварени во Македонија, а соработува со 800 домашни производители кои сочинуваат 90 % од асортиманот. По повод 20 год. роденден Веро најавува специјални ценовни понуди, шоу со готвење во живо и награди за лојалните потрошувачи.

Веста е прочитана 2198 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.