Ванѓеловски и Караџовски итно во гевгелискиот суд, кој даде налог за претрес за Панчевски

12 October, 2017 - 13:02

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и претседателот на Судски совет Зоран Караџовски се во контрола на судот во Гевгелија. Нивната ненајавена посета е поради судскиот налог издаден за СЈО а за претрес на канцеларијата и домот на поранешниот претседател на Kривичниот суд, Владимир Панчевски. 

Нема никакви информации што точно бараат првите луѓе на највисоките судски институции, а цел ден нивните телефони се недостапни. Претходно Панчевски се жалеше до Судскиот совет поради претресот и ја спореше неговата законитост. Вчера Караџовски тврдеше дека денеска ќе има состанок на кој ќе се разговара на Советот за случајот Панчевски, а пред два дена бил повикан и претседателот на Kривичниот суд Стојанче Рибарев, кој во моментот на претресот во канцеларијата на Панчевски бил присутен.

Веста е прочитана 4901 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.