Уставен го укина законот за одредување на висината на казните

16 November, 2017 - 12:38

Уставниот суд го укина законот за одредување на висината на казните, бидејќи не ја постигнал целта за кој бил донесен. Ова веќе подолго време го бараа судиите, професорите и целата експертска јавност, зашто според нив ова решение како закон го нема никаде во Европа, туку  било само едно напуштено законско решение кое постоело во САД.

Негативни рекации во јавноста предизвика висината на казната од 18 месеци која му беше одредена на поранешниот началник на УБК, Горан Грујевски, кој беше обвинет за уништување на документите за незакоснкото прислушување. 

Веста е прочитана 6544 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.