УЈП во контрола на штандовите на Струмица Опен

11 August, 2017 - 17:10

Високи парични казни за сите штандови кои што нема да издаваат фискални сметки на трите концертни вечери од летниот фестивал Струмица Опен. Денеска регионалната подружница на УЈП Струмица предупреди дека ќе има засилени контроли кои што ќе вршат мониторинг на готовинскиот промет.

УЈП ги предупредува даночните обврзници да го почитуваат законот, бидејќи во претходни анализи е забележан голем пропуст во работата, особено кај угостителите.

Од вечерва до недела се одржуваат трите концертни вечери во рамките на Струмица Опен, со што ќе заврши шестото издание на летниот фестивал.

Сузана Мицева

Веста е прочитана 1700 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.