Уапсен косовски државјанин за неовластен влез и правење скици од касарната Илинден

14 November, 2017 - 14:55

Косовецот Х.Р. (58) бил приведен во полициска станица во Карпош поради „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија“, а бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“ во Скопје.

Од МВР информираат дека по целосно расветлување и документирање на случајот ќе му биде поднесен соодветен поднесок и ќе се превземат понатамошни дејствија.

Ова е второ апсење на странски државјанин во касарната Илинден, откако во сличен случај пред еден месец беше уапсен британски државјанин. Исто како и во сегашниот случај, и тогаш МВР не објасни за кои дејствија е приведен странскиот државјанин.

Веста е прочитана 522 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.