Турската армија се распоредува во сириската област Идлиб

13 October, 2017 - 11:14

Турската армија почна да поставува набљудувачки пунктови во сириската северозападна област Идлиб, каде Турција најави дека ќе го спроведе планот за создавање на безбедна зона.

Конвој од 30-ина борбени возила на турската армија синоќа влегле во Сирија и се распоредиле во областа Идлиб, јави Анадолија.

Турската армија соработува со сириските бунтовнички сили кои го држат под контрола регионот на Идлиб.

Испраќањето на војници во Сирија минатата недела го најави и претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Во мировните преговори во Казахстан во мај, Турција, Иран и Русија договорија да се формираат четири т.н. зони на деескалација во Сирија, со цел да се стави  шест и пол годишната граѓанска војна.

Веста е прочитана 657 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.