Трамп: Можам да бидам пријател со Ким Џонг- ун

12 November, 2017 - 13:38

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека е можно еден ден да станат пријатели со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и дека тоа ќе биде „многу, многу убаво", но тој не сигурен дали тоа ќе се случи.

На новинарско прашање дали тој може да се замисли како пријател на Ким Џонг- ун, Трамп одговори дека тоа можеби би било чудно, но дека постои можност.

- Ако тоа се случи, можам да ви кажам дека тоа ќе биде добро за Северна Кореја, но исто така и за многу други места, и за остатокот на светот, вели Трамп.  

Веста е прочитана 726 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.