Телото на Џорџ Мајкл го пронашол неговиот љубовник

27 December, 2016 - 11:14

Фади Фаваз, фризерот на Џорџ Мајкл, кој воедно беше и негов љубовен партнер, вчера на социјалните мрежи објави дека тој прв го пронашол безживотното тело на славниот поп пејач во неговиот дом во Оксфордшир.

- Никогаш нема да го заборавам овој Божик, го најдов својот партнер мртов во креветот. Никогаш нема да престане да ми недостасува, напиша тој на својот Твитер профил.

Џорџ и Фади беа во врска од 2012 година, откако пејачот ја прекина долгодишната врска со Кени Гос. 

Веста е прочитана 3548 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.