ТДМ се врати од Пустец со награда за колективна актерска игра

1 August, 2017 - 16:12

Тетарот за деца и младинци освои награда за колективна актерска игра за претставата „ Гига мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, на штотуку завршеното „ Македонско културно лето“, кое по 10 јубилеен пат се одржа во Пустец , Албанија. Претставата е работена по текст на Горјан Милошевски, а во неа настапуваат актерите: Бојан Кирковски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска и Мики Анчевски.  Манифестацијата „ Македонско културно лето“ се одржа во Пустец од 26 до 31 јули. 

Веста е прочитана 738 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.