Старите сакаат рудник, младите не сакаат

9 April, 2017 - 16:24

Прашањето за референдумот во Гевгелија е протнато на мала врата, сметаат либералдемократите. Тие им забележуваат на општината и градоначалникот затоа што четири години се вршеле истражувања на Кожуф без за тоа да се известат граѓаните.

Според советникот на ЛДП Петар Апостолов, ова е прашање за кое што има консензус, но го следат низа сомнежи за мотивите поради кои толку доцна се реагира.

 

Градоначалникот Франгов изјави дека геолошките истражувања не значат и добивање концесија и смета дека навреме почнале со референдумот на којшто ќе се изјаснат граѓаните дали се за или против отворање на рудници.

Но на само две недели од референдумот, граѓаните не се информирани. Помладите, оние што ги следат социјалните мрежи се против рудниците, но за повозрасните, тие се можност за нови вработувања.

 

Референдумот во Гевгелија ќе се одржи на 23 април. Во деновите до неговото одржување, активистите на здружението „Спас за нас“ ќе водат кампања против руднциите за злато.

Сузана Мицева

 

Веста е прочитана 6296 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.