Собранието како приказна без крај

20 April, 2017 - 18:47

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сами дебатираа и сами реплицираа. Меѓубе си поставуваа прашања и даваа одговори. Темата  околу која постојано разменуваа мислење повторно беше таканаречената тиранска платформа. Сите дебати ви се исти, им реплицираше Сурија Рашиди од Алијансата на Албанците кој изрази сомнеж во искреноста на нивните залагања за заштита на македонските државни интереси.

Во слична насока беа и дебатите околу изјавата на албанскиот министер за надворешни работи Бушати во однос на таканаречената тиранска платформа. Дали редовно албанските партии го известуваат Бушати за случувањата во Македонија, прашаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ побараа ВМРО-ДПМНЕ да се држи до темата и  до она што е предлог на дневен ред.

На македонската јавност и е јасно дека се говори за се и сешто освен за она што е интерес во моментов, а тоа е обезбедување мирен трансфер на власта, рече Бетијан Китев.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Веста е прочитана 2087 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.