Вести Култура

Скопски урбани приказни „Во 5 и 17“ – нов проект на ДЛУМ

Дела на 23 уметници на пет локации во центарот на Скопје кои дијалогизираат со текстот ,,Во пет и седумнаесет” од великанот на современата македонска литература и култура Ацо Шопов е новиот проект на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со повеќе институции во рамките на фестивалот „Скопско лето“. Кој би можел со нашите обични човечки зборови да ја искаже драмата во која слепата утроба на земјата вовлече двеста илјади жители на оваа планета, драмата Пет и седумнаесет, напиша Шопов.

„Овој текст кој има три целини, во почетокот е онаа тешка, мачна состојба кога народот страда, кога градот е разрушен. Во вториот дел поетот зборува за еден оптимизам, за човекот кој се издигна како феникс од урнатините, барајќи ја светлината на денот и третиот дел на текстот кој што зборува за оптимизмот за градење на овој нов град и за градењето на солидарноста всушност, што не смееме да заборавиме“, изјава Дијана Томиќ Радевска, кураторка на проектот.

Новиот проект е замислен како уметничка прошетка низ Скопје, која започнува со делата на македонските уметници во Културно-информатицниот центар, во паркот и продажната галерија, потоа движењето продолжува кон Францускиот Институт Скопје, следна локација е галеријата ГРАЛ, за потоа да продолжи кон улицата ,,На липите”, во Дебар маало и истата да биде заокружена со две уметнички инсталации во градската кафеана ,,Пелистер”.

На покана на Дијана Томиќ Радевска гости на овој проект се и соработници од училиштето ,,Партенија Зографски”, каде текстот на Ацо Шопов, ,,Во 5 и 17″ го презентираат на видео на знаковен јазик.

„И ова можеби ќе биде пионерска работа. И многу сум горда на овој проект и што веднаш се сложија за истиот, уживаа едноставно. Рекоа дека ваква задача е предизвик и за нив, затоа што цел текст, прозен текст е многу тешко да го раскажете во македонски знаковен јазик, а го направивме со идеја да биде и поттик за стандардизирање на тој знаковен македонски јазик“, додава Томиќ Радевска.

Делата на македонските уметници во рамки на проектот „Скопски урбани приказни – Во 5 и 17 “ ќе бидат достапни за посета во работното време на институциите секој ден до 9 јули.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе