СЈО испрати негативно мислење за пасошите на Груевски и Мијалков

22 September, 2017 - 16:40

Специјалното јавно обвинителство смета дека Кривичниот суд не треба да им ги врака пасошите на  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешен шеф на УБК, Сашо Мијалков и поранешниот полициски функционер Тони Јакимовски . СЈО испратило мислење до кривичниот суд, дека не се променети  околностите поради кои судот првично им ги одзема пасошите, потврдија од СЈО За Телма .

Груевски и Мијалков бараа од судот да им бидат вратени пасошите, бидејќи им биле потребни за службени патувања надвор од земјата, а се повикуваат на судската пракса на судот, односно одлуката на Кривичен кој му го вратил пасошот на Зоран Заев за предметот ПУЧ. ОД кривичен претходно најавија дека ќе го чекаат мислењето на СЈО  па потоа ке однесат одлука дали ќе им им ги вратат пасошите. На Груевски му е одземен пасошот за предметот Титаник, а на Мијалков за Тврдина-Таргет.

Веста е прочитана 852 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.