Синдикалците на протест, специјалци ја чуваат зградата на ССМ

9 January, 2017 - 13:10

Припадниците на четирите синдикати кои претседателот Живко Митревски ги исклучи од ССМ денеска простестираат пред работничкиот дом.

Од утрово таму се распоредени припдници на специјалните полицски сили кои ги спречуваат синдикалците да влезат во зградата.

Како што изјави пред новинарите ве-де председателот на ССМ Дарко Димовски тие денеска само си дошле на работа, а таму имало полициски џипови и специјалци, кои пстапувале според некоја наредба која нив не им ја покажале.

Претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски ги повика сите синдикалци да излезат и да се борат за своите права, оти, како што вели, ова е битка за синдикатот и ништо друго.

Според овие гранкови синдикати Живко Митревски е разрешен од претседателската функција. Но во тој период не беше промената внесена во Централниот регистер. Во меѓувреме новиот министер за труд и социјала го поништи решението за смена на Митревски и со соопштение јави дека тој е единствен легитимен претставник на синдикалците и дека пронемата била извршена на нелегитимен начин.

Веста е прочитана 3147 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.