Синдикалците тврдат - Владата има план за Југохром

18 June, 2017 - 16:01

Владата има план за рестартирање на Југохром. Наредната недела можно е дури и да излезе со предлог-решение. Вакви оптимистички пораки добиле претставниците на синдикатот од премиерот Зоран Заев и министрите Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски и Мила Царовска на попладневната средба во Владата. Им ветиле дека во најбрз можен рок ќе се сретнат и со сопственикот на Југохром, и од него ќе бараат цврсти гаранции за изградба на филтрите.

Претставници на синдикатот веруваат дека наскоро ќе се вратат на работа.

Комбинатот Југохром печките ги изгасна во ноември 2016 година. Неколку месеци подоцна 600 вработени останаа на улица. Откако менаџментот не успеа да се договори со претходната влада да го рестартира комбинатот и да работи со преполовен капацитет, соопшти дека нема да може повеќе да ги сервисира давачките кон вработените. Само 70 продолжија да работат на одржување на погоните. Рокот за инсталирање на филтри истече на 31 ноември. Компанијата не успеа навреме да ги постави за да продолжи со работа.

Весна Јовановска - Дојчиновска

Веста е прочитана 2515 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.