Швајцарската ФОС АСЕТ потпиша меморандум со банките

6 December, 2017 - 16:50

Швајцарскиот инвестициски фонд ФОС Асет менаџмент е првиот инвеститор кој потпишал меморандум за разбирање со условите предложени од трите банки. Фондот депонирал 3 милиони евра кај банките доверители, но дали ќе ја преземат компанијата или таа ќе оди во рацете на друг инвеститор, ќе се знае на крајот од денов кога истекува рокот. Од ФОС Асет неофицијално објаснуваат дека се подготвени да ги преземат сите долгови на комбинатот кои достигаат 60 милиони евра, да вложат дополнителни 30 милиони за инвестиции и ќе ги задржат на работа сите вработени. Тврдат дека имаат финансиска и техничка кондиција најдоцна за 2 месеца да почнат со производство доколку постигнат конечен договор со стечајниот управник и со доверителите.

По ваквите оптимистички најави, вработените го ставија протестот во мирување во надеж дека ќе ја добијат заостанатата плата. Но пари на сметките не легнаа иако утринава стечајниот управник најави дека банките депонирале средства на сметката на компанијата.  

„Првиот чекор кон стабилизација е исплата на платите на вработените, за што е почната процедура за пресметка. Вработените ќе примат плата и ќе потпишат договори за вработување, без прекин на стажот, континуитетот ќе биде запазен, со што во целост се заштитени нивните права. Сите барања на работниците се задоволени, согласно Законската процедура“, изјави стечајниот управник Мирослав Атанасиевски.

Паралелно со правната процедура, финансовата полиција ја продолжува истрагата за злоупотребите направени од претходното раководство во Фени. Поранешниот извршен директор Јусуф Миракмедов заработи втора кривична пријава за злоупотреба на службената положб,а бидејќи донел одука за отпис на незастарени побарувања во износ од 51,5 милиони долари. Миракмедов досега има заработено 3 кривични пријави а јавното обвинителство веќе отвори предмет за случувањата во комбинатот Фени.

За заинтересираниот инвестициски фонд ФОС  Асет менаџмент засега се знае дека има производно искуство со фероникел. Во Македонија дошле на покана на Кунико ресорсис уште пред да биде објавен стечајот на Фени.

Виолета З. Стојановска

Веста е прочитана 3525 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.