Секој 9-ти Македонец има дијабетес, а инсулин нема после 10-ти во месецот.

14 November, 2017 - 17:10

Секој 9ти Македонец има дијабетес, а инсулин нема после 10ти во месецот.

Инсулински кризи и се погласни сомнежи за квалитетот на инсулин.

Секој 9-ти Македонец има дијабетис, а Македонија нема национална статегија за справување со болеста. Аларматно расте и бројот на деца со дијабетес. Месечно има по два нови случаи.

Се погласни се и сомнежите за квалитетот на инсулин. 200 илјади дијабетичари бараат одговор  дали терапијата ќе им биде достапна и после 10-ти во месецот и колку е таа квалитетна. Министерството за здравство најави ќе ги испитува сомнежите.

Со дијабетес живеат околу 450 милиони луѓе во светот. Два третини од нив се во земји со ниски или средни примања.

За терапија и за последиците од дијабетесот во светот годишно се трошат 727 милијарди долари.

Весна Дојчиновска Јовановска

Веста е прочитана 918 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.