Сеад Кочан примен на Клинички?

15 May, 2017 - 10:27

Бизнисменот Сеад Кочан, кој полицијата до пред два дена го бараше со потерница, ноќеска бил примен како итен случај во една од клиниките на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, јавува порталот СДК.

Изворите на порталот не потврдуваат дали пациентот бил задржан на болничко лекување.

Кочан, кој сега има брада, вчера во доцните попладневни часови бил забележан во Клиничкиот центар. На клиниката каде што се пријавил како итен случај дошол само во придружба на сопругата.

Тој два месеца и шест дена беше во бегство и недостапен за истрагата што ја поведе против него Специјалното јавно обвинителство, бидејќи како  сопственик на фирмата „Трансмет“ заедно со фирмите „Силекс Неметали“ и „Вато“ фалсификуваа документи и добија тендер од државната компанија ЕЛЕМ, вреден 17 милиони евра.

ткако Врховниот суд во петокот реши да ги укине одлуките на Кривичниот и на Апелацискиот суд, со кои беше изречена мерка притвор за Сеад Кочан и побарано распишување на потерница по него, денеска претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски за Дојче Веле изјави: „Ние не го укинуваме притворот за Сеад Кочан, туку ја цениме законитоста на одлуките на пониските судови“.  

Правните експерти ја критикуваат одлуката. Велат дека се работи за скандал, и дека досега немало случај да се укине притвор на некој кој е во бегство. Сметаат дека ова е директен упад во работењето на СЈО и една од последните сопки кои се прават преку Врховниот суд. 

Веста е прочитана 11134 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.