СДСМ поднесе предлог до Собранието за укинување на екстерното тестирање

18 May, 2017 - 18:28

Пратениците на СДСМ денеска ќе ги достават до Парламентот предлог измените на законите за основно и средно образование што се однесуваат на укинување на екстерното тестирање, изјави на прес конференција пратеникот Стефан Богоев.

Тој посочи дека очекува овие измени по скратена постапка да се донесат и уште оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование.

Според СДСМ овој проект дал негативни резултати, наместо да влијае на подобрување на образовниот процес, па затоа, како што вели Богоев, новото парламентарно мнозинство е цврсто определено да изнајде решенија за квалитетно образование.

Веста е прочитана 914 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.