Самсоненко заминува од ФК, РК и ЖРК Вардар

11 August, 2017 - 16:24

На крајот од новата сезона која се уште не почнала ќе заврши приказната во Вардаровото семејство. По, повеќегодишното финансирање, рускиот сопственик Сегеј Самсоненко преку соопштение во Македонски спорт ја информира јавноста дека се повлекува од двата ракометни клуба, Европскиот првак Вардар, европскиот вицепрвак ЖРК Вардар, како и од фудбалскиот клуб Вардар. Ќе ја одработи последната ссзона и ќе ги финансира трите клуба а потоа има намера да ги врати на претходните сопственици во одлична кондиција, без долгови, со шампионски титули и добар ранкинг.

„Македонија е дом за мене и за моето семејство веќе 11 години, во овој период од срце инвестирав огромни средства во развој на спортовите во земјава. Драги пријатели, цената на ниту еден билет не може ниту, пак, сакам да го врати тоа што го вложив без никаква задршка во македонскиот ракомет, фудбал, тенис и друго… Токму поради тоа јас, од мое име и од името на управата на ФК Вардар, донесов одлука“, напиша Самсоненко.

Одлуакта на Самсоненко доаѓа по неколкуденвната критика на социјалните мрежи затоа што Ф.К. Вардар побараа од 2 до 3 илјади денари за една карта за мечот од плеј-офот во Лига Европа со Фенербахче. Одлуката е промената и сега секоја карта ќе чини 300 денари, порача Самсоненко. Ако не ја промени одлуката, Ф.К. Вардар ќе се врати во целосна сопственост на Град Скопје, а женскиот и машкиот ракометен клуб останува прашање дали ќе му ги остспати на поранешниот сопственик Михајло Михајловски. Сепак, рускиот бизнисмен зад кој се креваше и позитивен и негативен публицитет во јавноста, во последната реченица во писмото ќе ја наведе и причината за неговото повлекување -  навредите што ги доживувал од одредени медиуми и поединци.

„Долго време се воздржував да реагирам на навредите што ги пласираа против мене одредени медиуми и поединци… и сакам да кажам, доста е! Никогаш во животот не сум доживеал ваков линч, навреди и омаловажување какво што доживеав во изминативе денови“, вели Самсоненко.

Но, што го вознемири русинот од градот Ростов, кој Москва ја замени со Скопје во 2006 година неколку месеци по победата на тогашниот премиер Никола Груевски со ВМРО-ДПМНЕ. Девет години тој непрекинато го шири својот бизнис на сите полиња во земјава, а последните 6 години станува и бизнис партнер на владата, па името на Самсоненко ќе се најде во дел од медиумите како сопственик на фирмата „Игра инвест МТД“ со седиште во центарт на офшор скандалите Белизе, на иста адрса со фирми на политички и бизнис моќници од Македонија, која ја основа, пак, „Бест сити Кипар Лимитед“, фирма сосптвеник на сестринската фирма „Спортски центар Јане Сандански“ основана денови пред да се јави како инвеститор на спортскиот цента Јане Сандански, јавно-приванто партнерство на Самсонеко со Оптшина Аеродром.

Градончалникот Коневски кој денеска е недосптаен за коментар околу повлекувањето на Самсоненко во 2012 експресно ќе го даде местото на фирмата на Самсоненко која вложи 15 милиони евра за да изгради нова спротска сала и хотел на оваа локација за користење на 35 години. Центарот за истражувачко новинарство „Скуп“ објави детали дека бизнисите на Самсоненко во матичната земја се под истрага, додека во Македонија се прошируваат во млечната индсутрија со удел во „Здравје Радово“.

Компанијата „СИС Балкан ДОО Скопје“, чии основачи се Сергеј Самсоненко и неговата сопруга Ирина, во февруари 2015 година ја купија атрактивната парцела меѓу арената „Филип Втори“ и Паркот на франкофонијата во Градскиот парк во Скопје за 40 евра по квадратен метар, а со друга фирма планира да ги гради Офицерскиот дом и хотелот до домот, на скопскиот плоштад „Македонија”. Специјалното обвинителство одговори дека засега овој руски бизнисмен не е вмешан, а ниту го имаше во обвиненијата кои стасаа во Основниот суд. Заминувањето на Самсоненко од земјата, медиумите го толкуваа уште минатиот месец, кога во руските медиумите се појави негова слика како се обврзува дека ќе биде спонзор преку синџирот обложувалници „Бет сити“ на московиот фудбалски клуб ЦСКА.

Павле Беловски

Веста е прочитана 3963 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.