Рускиот државен хор во Македонија

22 October, 2017 - 14:38

Државниот академски народен хор „Митрофан Пјатницки“ од Русија, ќе настапи во Струмица и Скопје, во рамки на Деновите на руската култура кои што од 18 до 28 октомври се одржуваат во Централна и Југоисточна Европа. Хорот којшто го негува рускиот фолклор и традиција на својот репертоар ги има најпознатите руски народни песни и ора, а го сочинуваат хор, оркестар и играорна група.

Хорот ја носи титулата „Национално богатство“ а во неговиот состав се ангажираат најдобрите руски солисти.

Ансамблот „Пјатницки“ постои од 1911 година. Името го добил по основачот, Митрофан Пјатницки.

Сузана Мицева

 

Веста е прочитана 1039 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.