Репортажа од заедничката воена вежба на армиите на Македонија и САД

12 August, 2017 - 15:59

Надвор печеше. Уште во 9 часот на Криволак веќе беше околу 40 степени. Во котелот, разладуван од тивко ветерче, инжинерците на АРМ и на Американската војска вежбаа зеднички- поставување минско поле на патен правец.

Војниците кои внимателно ги закопуваа мините беа под команда на двајца млади офицери. 

Вкупно  300 американски војници и 95 припадници на АРМ учествуваа во заедничката вежба на Криволак, наречена Драгон Гардиан 2017-та. Во моментот кога бевме таму, вежбаа и справување со бојни и хемиски средства. Секако не успеавме да влеземе во објектот каде се пуштаа воените средства, но војниците внатре и се обучуваа и во воени и во снимателски вештини со мобилен.

Штабот на вежбата беше покрај Вардар, во кампот Стрела. Таму се слеваа информациите, се планираа активностите, се сумираа резултатите на офицерско ниво.

Инжинерскиот сквадрон на вториот коњички полк го води потполковник Хајмс. Единицата која беше во Македонија е дел од претходницата на Европската команда на Војската на САД. Таа им обезбедува сигурен пат на своите команданти на овој дел од американската армија. Но луѓето на потполковник Хајмс, во Македонија не беа на борбена мисија. Покрај заедничките вежби и обуки- имаа и заеднички презентации на опремата со АРМ пред жителите на 6 града. 

Шансата за заедничка обука е позитивна, вели првиот офицер на македонската инжинерија. Двајцата команданти заедно со нас ја надгледуваа од високо изградбата на пистата за дронови. Долга 300 метри, пистата ќе остане да се користи и по заминувањето на американските војници.

Од високо се гледаше и собирот на 120 возила на американската инжинерија. Сите возила без разлика на големината, трајноста или цената беа нови, ниту едно не беше постаро од две години. На такви возила се обучуваа и македонските инжинерци кои работат со многу постара опрема.

Сите активности на американските инжинерци ги следеше тим за односи со јавност. Девојката војник се врати токму од вежбата со бојни отрови. Таа е и војник и фотограф на единицата на нејзиниот пат низ Скопје.

Симболичен е и амблемот на макеоднскиот инжинерски батаљон. Стоеше на знамето пред штабот на вежбата.

Покрај многу понова опрема, американската инжинерија се разликува во уште ден детаљ од македонските колеги. Четвртина од војниците беа жени. Оваа офицерка дипломирала на позната Вест Поинт, во Македонија доаѓа првпат и помалку субјективно тврди дека девојките се подобри војници во пустелијата на Криволак.

Додека шетавме низ Криволак, од една до друга вежба, насекаде имаше жени војници. Дури и на стрелиштето каде американските војници пукаа за квалификации, дали се добри стрелци или не. Метата ја поставува на 25 метри, но таа е специјализирана, силуетите на неа се пресметани како да се мети од 50 до триста метри. Така постојано пукаат од исто место, а на различно растојание. Во АРМ уште се пука по старо, војниците се преместуваат од една далечина до друга, а ако вежбаат на двесте метри, толку метри даелку од нив е метата.

Покрај вежбовното минско поле, стоеше високо возило хаски. Неговиот возач е млад, има само 24 години, но е искусен војник кој веќе 7 години служи во инжинерија. Двапати бил во Авганистан, со возилото хаски кое открива мини.

Вежбата Драгoн гардијан официјално заврши на десети август и траеше вкупно 13 дена.

Криволак и Македонија во жечкиот август ги дочекаа и ги испратија гостите кои се интересираа за полигонот крај Вардар, трет по големина во Европа.

МИОМИР СЕРАФИНОВИЌ

Веста е прочитана 2171 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.