Прво задолжување во 2017

9 January, 2017 - 16:13

Македонија почнува нов циклус на задолжувања. На првата аукција закажана за оваа година, од домашните кредитори се бара заем од 31,7 милиони евра и тоа преку 1 и 2 годишни записи и 15 годишни обврзници. Ден потоа треба да се вратат 15,8 мил евра.Токму висината на заемот отвори нова серија обвинувања помеѓу политичките партии.СДСМ предупредува дека власта во заминување не смее да се задолжи со повеќе пари од обврските што стигаат за враќање оваа недела.

Според  ВМРО ДПМНЕ, со шпекулативната политика што СДСМ ја води и со манипулирањето со јавниот долг ја зголемила каматата за еврообврнзицата. Потсетуваат на оценката на ММФ дека нивото на долгот е умерен.

Економистите велат дека темпото на задолжување ќе продолжи во текот на целата година. Старите долгови ќе се враќаат со земање нови заеми, ќе се зголемува рочноста на хартиите од вредност, а ќе се издаде и нова еврообврзница.

Борче Треновски од Економскиот факултет смета дека се наоѓаме во ситуација во која многу малку ни се познати резултатите од досегашните јавни проекти и расходи, не се јасно дефинирани стратешките цели и очекуваните резултати, немаме конкретен план како ќе го конолсидираме буџетот  а се определуваме за понатамошно зголемување на јавниот долг.

Според последните податоци, Македонија има јавен долг од 4,76 милијарди евра или 50,6% од БДП а според фискалната стратегија.

Виолета З Стојановска

Веста е прочитана 1226 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.