Првата дама на Франција - шарм и позитивна енергија

8 May, 2017 - 11:44

Брижит Троње, сопругата на Емануел Макрон, кој победи на претседателксите избори во Франција, во неговиот живот е присутна уште од негови 15 години – прво како негова наставничка, а потоа во годините кои следат љубовница, потоа и сопруга и –прва дама.

Елегантна и витка, 64-годишната Брижит е најблиска соработничка на Макрон, на која и има ветено официјална улога во претседателската палата.

„Секоја вечер си разменуваме она што сме го слушнале еден за друг. Морам да внимавам на се, да дадам се од себе да го заштитам“, рече Брижит во интервју за списанието Пари Мач, лани.

Кога првпат се среќаваат, тој има 15 години, а таа 40, притоа мажена и мајка на три деца, а едно од нив учело во ист клас со Макрон. Емануел веднаш се вљубува во неа и ѝ преложува заедно да пишуваат претстава.

-Тоа нè зближи, се дружевме секој петок и ставаме неверојатно блиски – изјави во една пригода Брижит Троње.

Секако дека оваа врска не наишла на одобрување, особено на родителите на тинејџерот, кои на сите начини се обидувале да ги разделат. Еден од нив било и праќањето на Емануел во престижната гимназија во Париз, но тоа не вродило со голем успех.

Тој ѝ праќа писмо на Брижит во кое вели „Што и да направиш, јас ќе се оженам со тебе“.

Во меѓувреме, таа се разведува од сопругот и прифаќа работна понуда во Париз.

-Си реков, ако сега ова не го направам, ќе зажалам. Љубовта носеше сè со себе и ме донесе до развод – вели таа и во 2007 година се разделува од сопругот.

Две години подоцна, се мажи за 29-годишниот Емануел, а во брак се 10 години.

-Емануел велеше дека таа ќе им ја затвориме устата на сите и се земавме. Тој е како суштество од друга планета, кое поседува комбинација на ретка интелигенција и изворедна хуманост. Филозоф кој стана банкар и политичар и јас сè уште сум вљубена во него како тинејџерка – јавно призна поранешната наставничка.

Инаку, Емануел станува милионер како инвеститорски банкар, а во 2012 година станува советник во Елисејската палата, каде сега ќе влезе како претседател.

Освен што е негова голема поддршка, што се грижеше за неговиот изглед и говори за време на кампањата, Брижит со својот изглед и стил успева да им оддолее на годините.

Од Карла Бруни до сега не се зборувало толку многу за прва дама на Франција.

 

 

Веста е прочитана 4983 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.