Прифатено обвинението за „Титаник 2“

7 December, 2017 - 10:48

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 го прифати обвинението на СJО за случајот „Титаник 2" за изборните нерегуларности .

Во овој случај обвинети се  Сашо Мијалков (вмро-дпмне), Мендух Тачи (дпа) и на Бедредин Ибраими, потоа Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски од ДИК.

Во овој случај осомничени се и пет судии од Управниот суд, но судот за нив не го прифати обвинението. СЈО веќе поднесе жалба за ваквата одлука на судот.

Мијалков е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а другите за злоупотреба на службената положба и овластување.

И за овој случај снимките од прислушуваните разговори, кои главно се однесуваат на приговори по локалните избори 2013, можат да се користат како докази во судската постапка.

Веста е прочитана 1379 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.