Причина за нападот на докторот од Токсикологија е лична пресметка

10 November, 2017 - 10:43

Лекарот, кој беше нападнат синоќа на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, е 48-годишниот Н.З. од Слупчане, кумановско. Тој е прободен во пределот на грбот со остар предмет од страна на непознато лице. Лекарот бил повреден кога доаѓал на ноќна смена на работа. 

Полицијата го потврди случајот и информира дека вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека на Ургантниот центар е донесено повредено лице со остар предмет.  Причина за нападот е лична пресметка. 

Неофицијално, лекарот го познавал напаѓачот и на полицијата и кажал дека напаѓачот е сопруг на негова колешка. Како причина наводно е љубовната врска која лекарот ја имал со колешката

Веста е прочитана 1427 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.