Поранешниот шеф на ФБИ ќе ја води истрагата за Русија

18 May, 2017 - 11:18

Американското Министерство за правда го назначи поранешниот директор на ФБИ Роберт Милер за специјален советник за надгледување на истрагата за можната поврзаност  на Русија со тимот на американскиот претседател  Доналд Трамп кој му помогна во изборната кампања. Назначувањето се случи во момент кога демократите повикуваа да се ангажира независно лице, поради, наводната политички обоена истрага. Притисоците врз Трамп околу прашањето за вмешаноста на Русија се зголемија откако минатата недела го отпушти шефот на ФБИ, Џејмс Коми, кој ја отвори истрагата за ова прашање. По именувањето на Милер, Трамп повтори дека се надева дека истрагата ќе го потврди она што сите го знаат, а тоа е дека тој е невин. Инаку, Милер беше на функцијата -директор на ФБИ, за време на мандатот на Обама, а бил и близок пријател со сега отпуштениот Коми. 

Веста е прочитана 471 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.