Поранешниот претседател на Основниот суд, Панчевски осуден за мобинг

14 September, 2017 - 10:09

Основниот суд Скопје 2 донесе пресуда во која ја уважи тужбата на Горан Стаменковски кој го тужеше за мобинг поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски.

Панчевски има право на жалба до Апелациониот суд. Ниту тужителот Стаменковски, ниту адвокатот на Панчевски, Димитар Дангов не дадоа изјави за медиумите.

Судијката Хилда Мешкова рече дека откако пресудата ќе биде обработена ќе биде внесена во системот и објавена за јавноста.

Поранешниот претседател на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски лани во декември доби приватна тужба за мобинг од поранешниот раководител на одделението за човечки ресурси на судот, Горан Стаменковски. Според тужбата, Панчевски, подолг временски период го прераспределувал на пониски работни позиции тужителот, го казнувал и од него барал да исполни норма која во судската пракса не постои.

На првото рочиште, во февруари годинава, Панчевски не се појави па судењето беше одложено.

Адвокатот на тужителот, Душко Јанковски, тогаш изјави дека имаат материјални докази и сведоци со кои ќе потврдат дека Владимир Панчевски вршел мобинг врз Горан Стаменковски.

Стаменковски, покрај тужбата за мобинг, поднесе и две кривични пријави против Панчевски за малтретирање во службата и за повреда на рамноправноста.

Веста е прочитана 565 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.