Полицијата упадна во домот на сестрите кои мајката ги чуваше затворени

6 October, 2017 - 19:14

По налог на основното јавно обвинителство во Битола, денеска околу 16 часот, полицијата влезе во станот на семејството Колевски, на улицата Димче Лахачански во Битола, каде мајката со години ги чува во изoлација двете ќерки на возраст од 34 и 35 години. Со возило на итната помош беа пренесени во битолската болница, од каде не можевме да добиеме информација за нивната  здравствена состојба, но неофицијално Телма дознава дека се вршат прегледи на одделението за психијатрија. Соседите раскажуваат дека вратата насилно била обиена, а мајката се спротиставувала и не дозволувала ќерките да бидат однесени од домот. Едната од сестрите била изнесена на носилки, а другата тешко се движела.

-Дојде полиција, дојдоа од Центарот за социјални работи, инспектори, ја скршија вратата и насила влегоа во станот да видат што се случува. Мајката не давашае да ги земат девојките. Викнаа брза помош, ги прегледаа лекарите, видоа дека се болни, со отоци. Ги кренаа на колички, не можеа да одат и ги однесоа на болница. Девојките се катasтрофа, потечени, ожолтени, не им се познаваше лицето, раскажувааат соседите.

Од обвинителството во Битола, потврдија дека  постапуваат по одредени сознанија, за што издале налог за да се влезе во станот на Колевски, за да видат што точно се случува таму. 

Откако мајката и ќерките беа пренесени во битолската болница, полицијата вршеше увид во нивниот стан на улицата Димче Лахчански.

Телма ја објави приказната за мајката и двете ќерки пред еден месец, но по неколку обиди надлежните да влезат во нивниот дом, се откажаа со образложение дека контактирaле со нив преку затворена врата и сите три одбиле помош. Но, најавија дека ќе бараат начин како да му помогнат на семејството кое со години живее без елемeнтарни услови, без вода и струја, а соседите секојднево ги слушаа лелеците на двете сестри кои долго време не излегле од својот дом. Со помош на социјaлните служби, во два наврати во 2014 и 2016 година, биле пренесени во битолската болница, во тешка здравствена состојба, но по излеувањето од таму, продолжиле со истиот начин на живот.

Сестрите Колевски, кои попладнево беа пренесени во битолската болница, вечерва повторно се вратени дома, откако одбиле  лекарска помош.

 

Од Клиничката болница во Битола, информираат дека биле прегледани од психијатар, кој утврдил дека комуницираат и немаат никаква агресија, а исто така биле прегледани од интернист.

Имаат отоци по целото тело, но не се знае што е причината, велат од болницата. 

Емилија Мисирлиевски

 

 

 

 

 

Веста е прочитана 8419 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.