Полицаец пукал во малолетни крадци, еден се бори за живот

12 August, 2017 - 16:08

Полицијата ќе истражува дали нивниот службеник ги пречекорил своите овластувања при вчерашниот инцидент, во кој се застрелани две малолетни момчиња од Радовиш кај градската капела во Струмица. Од Основното јавно обвинителство Струмица информираат дека и денеска се прибираат докази од местото каде што полицаесот со службен пиштол застрела двајца малолетници.

Според првичните информации до настанот дошло кога полицијата се обидела да го запре возилото во кое што биле момчињата кои биле пријавени дека се обиделе да ограбат чамец во близина на браната мантово. Малолетниците два пати ја избегналењ полициската контрола и не застанале, а потоа биле пресретнати од друго полициско возило кај градската капела. Полицаецот којшто ги застрелал момчињата првично изјавил дека бил бил нападнат од едно од момчињата, па пукал во самоодбрана.

Едно од момчињата има прострелна рана од градниот кош е префрлено на Карил во Скопје, додека другиот е опериран во Струмица и тој се наоѓа во добра општа состојба.

По наредба на надлежниот јавен обвинител, а заради обезбедување на непристрасност во постапката, во увидот се вклучени екипи од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи од Скопје.  Полицаецот од чие оружје било пукано е задржан во ПС Струмица. Во текот на денот, во Основното јавно обвинителство – Струмица на записник ќе бидат сослушани сведоци на настанот.

Веста е прочитана 4859 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.