Подобрена хигиената во штипската Клиничка болница

11 August, 2017 - 18:46

Подобрена е хигиената во штипската Клиничка болница и покрај тоа што се кубури со хигиеничарки тврди новиот директор Ален Георгиев. Смета дека за да се подобрат работите во болницата која опслужува над 200.000 пациенти од истокот треба да се вработат дополнително 30 до 40 медицински сестри и болничари. На социјалните мрежи изминатиот период имаше остри критики и фотографии кои ја покажуваа хигиената во болницата. Но засега новите вработувања ќе почекаат. По локалните избори ќе се решава и овој проблем.

Колку штипската Клиничка болница должи засега ќе остане тајна, бидејќи реалниот долг ќе се види во завршната сметка. Георгиев забележува дека веќе почнал со штедењето. Пари за кафеани нема, а формирани се и комисии за подобра наплата на здравствените услуги.

Додека не се вработи нов медицински персонал, Георгиев доставил барање до ресорното министерство за ангажирање на волонтери. Штипската Клиничка болница засега нема поголеми проблеми со лекарскиот кадар, на одредени одделенија недостасуваат но тоа ќе се решава наредниот период. 

Викторија Димитрова Јованова

Веста е прочитана 4038 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.