Почна Струмичкиот карневал

25 February, 2017 - 15:56

Струмичани ги извадија долгоподготвуваните маски и ја открија тајната којашто со месеци ја таат од другите карневалџии: Кој создал поубава и пооригинална маска? Канделабри, змејови, егзотични перја и многу шминка за да се долови идејата која што ја креирале, маскирани до непроепознатливост пристигнаа учесниците на маскебалот.

Принцот и принцезата на маскенбалот, брачниот пар Ташеви, се претставија како гости од друг свет. Тие вечерва го отвараат големото дефиле низ струмичките улици.

Организаторите на карневалот велат дека сместувачките капацитети во градот и околината се исполнети до последно место, и очекуваат десетици илјади посетители за карневалскиот викенд.

На карневалската парада низ струмичките улици ќе учествуваат над 3 илјади маскирани лица, поединечни и групни маски од земјава и странство.

Сузана Мицева

Веста е прочитана 5202 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.