Почина момче во училишен двор во Струмица

11 September, 2017 - 16:37

Средношколец почина во училишниот двор на училиштето „Димитар Влахов“ во Струмица при пад од кошаркарска табла. Момчето, родено 2000 година, по потекло од струмичко Босилово, утрово играло на игралиштето кај кошот со соученици. Во еден момент паднало и изгубило свест при што е повикана брза помош. Во струмичката болница момчето е донеено околу 10 часот, без знаци на живот.

Од СВР Струмица потврдуваат дека во 10.15 минути добиле телефонски повик од струмичката болница дека е пренесено безживотно тело на дете. Во полицискиот извештај стои дека момчето починало во несреќен случај, при пад од кошаркарската табла.

На местото на несреќата излезе увидна екипа на Свр Струмица и јавен обвинител. Понатамошната истрага треба да даде детали за несреќата.

 

Сузана Мицева

 

Веста е прочитана 5323 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.