Почеток на преговорите за Брегзит со страв од неуспех

19 June, 2017 - 16:35

Палатата Берлемон, домот на европската комисија, со поглед на кружниот тек Шуман, срцето на евроската заедница, ќе биде местото домаќин каде ќе се одигра првиот чин од разводот помеѓу Лондон и Брисел.

Помина една година од 23 јуни 2016 та, денот кога се одржа референдумот за Брегзит, и сега конечно преговорите може да почнат.

Им беше потребно време на Англичаните да се подготват, повикувајќи се на членот 50,односно, формалното барање за излез од ЕУ , само минатиот 29 март, од кога почнува двегодишниот рок за решавање на праксата наречена Брегзит.

Оттогаш се случија британските избори и дебаклот на Тереза Меј, како и британската несигурност и речиси неподготвеност, на тимот предводен од британскиот главен преговарач Дејвид Дејвис, чија преговарача сила е сериозно ослабната од фактот што Лондон е обезглавен, и без формирана влада. За која не се знае и дали воопшто ќе се формира.

Европјаните се надеваат дека новата влада на Меј нема ни воошто да се создаде, надевајќи се дека Лондон ќе дојде до постабилна власт со цел побрзо да се заклучат овие нестабилни и ризични преговори. Европа стравува дека слабиот кабинет на Меј може да затвори зад тврди и непрагматични позиции, ризикувајќи пропаст на преговорите.

Во меѓувреме шефовите на преговарачките тимови изразија оптимизам

Нашата цел е јасна, мора прво да се соочиме со несигурностите предизвикани од Брегзит, прво за граѓаните, а потоа и за корисниците на полтиките на ЕУ, и особено за значењето на границите, односно, Ирска. Се надевам дека денес ќе можеме да ги идентификуваме приоритетите и роковите кои ќе ми дозволат да му соопштам на Европскиот совет следната недела дека имавме конструктивно отварање на преговорите, изјави Мајкл Барниер, европскиот преговарач за Брегзит.

Во овие времиња на тестови не потсетуваат на вредностите и одлучноста која ја споделуваме со нашите најблиски сојузници во Европа – има толку многу повеќе што не спојува, отколку што не разделува. Иако без смонеж ќе постојат многу предизвикувачки моменти пред нас во преговорите, ќе сториме се што можеме да испорачаме договор кој најдобро ќе функционира за интересите на сите граѓани. За таа цел, ги почнуваме овие преговори во позитивна и конструктивна атмосфера, одлучни да изградиме силно и специјално партнерство помеѓу нас и нашите европски пријатели и сојузници за во иднина, изјави Дејвид Дејвис, британскиот преговарач за Брегзит.

Три клучни прашања го сочинуваат излезот на Британија од Унијата.

Прво, правата на 3 милиони европски државјани кои живеет во Велика Британија, за кои ЕУ бара доживотна дозвола за престој.

Второ, оштетата која Европа ја бара за разводот од Лондон. Сумата на чекот е помеѓу 60 и 100 милијарди евра, што ги бара Брисел за сите финансиски заложби земени од страна на Лондон, како и за самите трошоци од Брегзитот и преместувањето на одредени институции од Лондон на Стариот континент.

Трето, раководење на новите граници помеѓу Велика Британија и Европа, почнувајќи од ирската која политички е најделикатна, надевајќи се дека ќе се избегне физичка граница која би ги зголемила тензиите помеѓу Даблин и Белфаст.

Конечно решавање на статусот на финансискиот Сити во Лондон, дали Британија ќе остане во единствениот пазар и царинската унија.

Секако покрај сите овие предизивици останува и прашањето за реформирање на самата Унија во пост-Брегзит фазата. Нешто што ќе се одвива после германските избори на 24 септември, со нов импулс врз заедничката одбрана, надворешната и социјалната политика, како и раковдењето на еврозоната.

Ивор Мицковски

Веста е прочитана 1170 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.